0
Поради силни врнежи од снег што попладнево и вечерва ја зафатија Битола, на повеќе локации во градот има прекини на електричната енергија, информираат од ЕВН, а пренесува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
“Прекините се последица на снегот што натежнува на електричните кабли и жици во подрачјето на Битола и Битолско“, се наведува во соопштението од ЕВН.
Оттаму посочуваат дека издадени се налози за санирање на дефектите, како и дека екипите се веќе на терен.