Снегот предизвика хаос во Франција

by fokus

Првиот пообилен снег во југоисточниот дел на Франција доведе  до прекин во снабдувањето со електричната енергија, ограничувања во сообраќајот и на патиштата во сообраќајот на железницата, а едно лице го загуби животот.

Еден 63-годишен маж починал додека синоќа се обидувал да расчисти снежен пат до својот дом во Изер. На него паднало дрво. Драмата се случила во близина на Бургоин-Жалио. Пожарникарите не успеале да го повратат во живот.

Околу 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Голем дел од жителите на Дром, Ардеш и Изер ја поминаа вечерта со свеќи и без греење. Овие нарушувања се предизвикани од паѓање дрвја врз далноводите, од тежината на снегот. На пример, на Tурно сур Рон (Ардеш) е прекината среднонапонската линија од 20.000 волти.

Снегот предизвика нарушувања во сообраќајот на железницата. Движењето на возовите е прекинато на три правци од Гренобл „барем до петок напладне“, најавуваат од компанијата, поради паднати дрвја врз пругите или опасност од паѓања. Засегнатите правци се Гренобл-Лион, Гренобл-Валенс и Гренобл-Вејнес. Сепак можно да се оди од Гренобл во Лион, но со „пренасочување“ што минува преку Шамбери во Савоа и Амбериу во Аин.

Проблеми има и на патиштата. Од своја страна, префектот на Ардече бара од возачите да не излегуваат непотребно на пат. Околу Сен Етијен сообраќајот за тешките возила на автопатот е во прекин.

Девет департамани се ставени во портокалова будност. Аин, Ардеш, Дром, Изер, Лоара, Рона, Сон-ет-Лоара поради снегот. Вар е ставен поради опасност од поплави и високи бранови. Што се однесува до поморските Алпите, тие се под будност од високи бранови.

Поврзани новости