Снег во Македонија во април – снежна покривка на Маврово, Попова Шапка, Копанки

by fokus

На сите повисоки места низ Македонија врне снег, додека на пониските делови и во Скопје врне дожд. Во април низ Македонија снег има во Маврово, Попова Шапка, Копаники, Крушево, Пониква.

Метеоролозите погнозираат претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од -2 до 7, а во текот на денот од 5 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде 7, а дневната 13 Целзиусови степени.

Утре, како што информираат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималната температура утре ќе биде од 0 до 7, а максималната од 11 до 18 Целзиусови степени.

Поврзани новости