Снег во Босна и Херцеговина

by Fokus

Снег денеска покри градови во Босна и Херцеговина, нешто што е невообичаено за втората половина од април, јави БХРТ.

Седум сантиметри снег има во Ливно, осум во Чемерно. Во Сараево има само еден сантиметар снежна покривка. На Бјелашница има 94 сантиметри снег.

Новите врнежи предизвикаа и зголемување на водостојот на дел од реките во земјата.

Поврзани новости