Снег вее на повеќе места во државата

by Fokus

Снег утрово вее на повеќе места на државата. Снегг вее и во скопската котлина.

Според Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 29 сантиметри, во Маврови Анови седум и во Крива Паланка еден сантиметар.

АМСМ соопшти дека сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 местри има на планинскиот премин Стража и во Маврово. Денеска ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од снег на планините, на повисоките, но и на пониските места.

Поврзани новости