Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.