Снег на повеќе патни правци низ државата, на патот Гостивар – Маврово сообраќајка

by fokus

Утрово на патот од Гостивар кон Маврово, се случила сообраќајна незгода, но по кратка пауза за расчистување, патот повторно е прооден.

Од АМСМ потврдуваат дека поради снежни врнежи, од 5:45 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, како и на патот Маврово – Дебар од 5:00 часот.

Врнежи од снег се регистрираат на повеќе места, вклучувајќи Попова Шапка, Ресен, Крушево, Охрид, Струга, Делчево, Маврово и планинските превои Буково, Ѓавато, Пресека и Плетвар.

На некои патни правци има предупредување и за намалена видливост поради магла, особено на патот Тетово – Попова Шапка (30-40 метри) и на планинскиот превој Плетвар (до 50 метри).

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и ги одржуваат патните правци проодни, но се апелира на внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

На некои патни правци, особено во клисури и усечени делови, постои можност за појава на помали одрони.

Поврзани новости