Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка, но без прекин во сообраќајот. Поради одрони, сообраќајот кон граничниот премин Пелинце е во прекин од 22.12.2019 од 21:30 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.