Најавеното влошување на времето пристигна и во Хрватска, а во делови од земјата веќе падна снег.Северот на Хрватска веќе побеле, додека во другите делови од земјата врне дожд.
Снег има во Хрватско Загорје, Меѓумурје, делови од Загреб и неговата околина, Велика Горица, пренесува Индекс.
Со оглед на предвидените врнежи и пад на температурата, Зимската служба го подигна нивото на подготвеност на третото од четирите нивоа.
Oprez⚠️!
❄️je već zahvatio dijelove zemlje. Uz daljnje zahladnjenje očekuje ga se i drugdje u unutrašnjosti, čak ponegdje u Dalmaciji te Istri, a nošen vjetrom moguć je uz obalu.
Duž obale će zapuhati olujna, pod Velebitom i orkanska bura.
Pratite upozorenja!#prognoza pic.twitter.com/OfYp2F6Orb
— DHMZ (@DHMZ_HR) January 19, 2024
Државниот хидрометеоролошки завод објави детална прогноза за денеска. Снег ќе има на планините, во централна Хрватска и нешто помалку на истокот од земјата. На планините до крајот на денот се очекуваат и до половина метар снег.
Жителите од внатрешноста посебно се предупредуваат на падот на температурата во утринските часови, што ќе придонесе врнежите да преминат во лапавица и снег, со формирање на снежна покривка.
Поради невреме и урагани во четири региони е вклучен црвен метео аларм.