58
Жена (39) ја избодела својата свекрва (67) неколкупати со нож, при што ја убила синоќа во селото Дубионица, во српската општина Сјеница, објави Euronews Србија.
Според достапните информации, осомничената снаа живеела во Германија, но во моментот на инцидентот била во Србија поради бракоразводна постапка.
Полицијата соопшти дека несреќната свекрва починала од повеќето убоди. Инцидентот се случил во семеен дом, а случајот бил пријавен кај надлежните.
Против осомничената е поведена постапка поради сомнение за тешко убиство.
Во моментов таа е во притвор.