СМС порака на Груевски во „Монструм“: Испаѓа дека „шиптарките“ можат дома да чуваат тенкови, а полицијата ништо да не им може!

by fokus

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ продолжи читањето на СМС пораки и транскрипти од телефонски разговори поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро.

Судијата Огнен Ставрев прочита и неколку пораки од екс премиерот Никола Груевски.

-ДУИ на сите страни шират лаги за постапувањето на МВР за петкратното убиство. Тоа прави голема штета на државата, вели Груевски.

Во друга порака пак Груевски пишува:

„Некоја организација на жени или МПЦ нека им реплицира на ИВЗ. Испаѓа дека шиптарките може дома да чуваат тенкови а полицијата ништо да не им може само затоа што се жени муслиманки, пишува Груевски до соговорник.

Истата порака на неколку места ја препраќа и тогашната министерка Гордана Јанкулоска, која додава: „ Срамота е ова што ни го прават говедата“.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости