Смртна пресуда поради порака на WhatsApp

by Фокус

Пакистански суд осуди муслиманка на смрт, прогласувајќи ја за виновна поради објавување на „богохулен“ статус – карикатури на пророкот Мухамед – на WhatsApp.

Анека Атик (26) беше уапсена во мај 2020 година, откако пријател ја обвини дека испратила „богохулни“ карикатури на пророкот и „непристојни“ забелешки за „свети личности“.

На овој начин, таа „свесно и намерно ги сквернавела светите праведни лица и ги навредувала верските убедувања на муслиманите“, се вели во обвинението.

Судот нареди жената да биде „обесена“ и да плати казна од 200.000 пакистански рупии (1.137 долари).

Поврзани новости