За една ноќ во атарот на Лакавица, Штипско наезда на смокови и други влекачи испразниле гулабарник со педесетина гулаби. Останале само десетина гулаби кои некако успеале да се спасат, пишува „СДК.мк“.
„За викендот отидов во викендичката каде имам гулабарник и видов пустош. Пердуви на сите страни и траги од разни влекачи. Со мобилниот снимив неколку фотографии, а кога отидов од другата страна на гулабарникот затекнав смок долг повеќе од еден метар како в уста држи гулаб. Снимив уште една фотографија и кога помислив што да направам, за дел од секундата смокот се повлече во нивата“, изјавил сопственикот Ване Станков.
Најверојатно се работи за таканаречените ноќни влекачи кои во потрага по храна обично одат во темно, па бидејќи биле повеќе ја завршиле работата за една ноќ и направиле голема штета.
„Неодамна, дел од гулабите неодамна беа украдени, па со помош на полицијата половината ги вративме во гулабарникот, но сега биле мета на змиите и смоците кои истовремено ги уништиле и јајцата за подмладокот на гулабите“, рекол Станков.