Актерот и шоумен Сашко Коцев вели дека е горд сопруг, објавувајќи ја веста дека осум докторки на науки, сите од областа на медицината и здравството биле промовираи вчера во аулата на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тие одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет во Скопје.
Во свечена атмосфера, ги промовирал ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Помеѓу нив е името на неговата сопруга, Смиљана Бундовска – Коцев, со која се венчаа во 2012 година. Пет години подоцна, ја добија ќеркичката Јоана.
Јавноста се сеќава на запросувањето, коа актерот ја побара раката на Смиљана за време на манифестацијата Златна бубамара на популарноста.
Облечен како Аладин, пеејќи во дует со Каролина Гочева, тој клекна пред Смиљана во Универзалната сала.
Иако ретко зборува за приватниот живот, Коцев речиси секоја година, на денот на нивната венчавка објавува фотографија од свадбата.
Вики Клинчарова