Сметката на Град Скопје блокирана поради долг, од Градот негираат

by Fokus

Блокирана сметката на Град Скопје заради долг стар десет години, потврдија извори на Фокус.  Тие велат дека е блокирана сметката од која се делат плати на вработените и се префрлаат пари на јавните претпријатија,  се плаќаат побарувања од доверителите, а блокадата е направена со присилна наплата по завршен судски процес.

Град Скопје денес во соопштение до јавноста тврди дека сметката не е блокирана и дека не е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата.

„За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил поранешниот градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту поранешниот градоначалникот Петре Шилегов“., соопшти Град Скопје.

Во соопштението од Градот Скопје пишува дека во последната година успеале да го врати својот кредитен рејтинг на највисоко ниво во последниве петнаесет години.

„За тоа предуслов е токму намалувањето на акумулираните долгови, систематското материјално-финансиско работење и консолидацијата на финансиите“, велат од Град Скопје

 

Поврзани новости