293
Украинската заменик-министерка за одбрана Ана Маљар е разрешена од должноста, заедно со уште пет други функционери, потврди украинската влада.
Маљар беше истакната личност за време на инвазијата на Украина, објавувајќи дневни вести за напредокот на земјата на фронтот.
Заедно со неа беа разрешени замениците министри Владимир Гаврилов, Виталиј Деинега, Ростислав Теодозиевич, Денис Шарапов и Андреј Шевченко.
Својата функција ја напушти и државниот секретар на Министерството за одбрана Константин Вашченко. Владата не ја наведе причината за нивното разрешување.
Овој потег доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше Рустем Умеров за нов министер за одбрана претходно овој месец.