Олексиј Резников повеќе не е министер за одбрана на Украина. Како што соопшти вечерва АФП, на негово место ќе дојде досегашниот директор на Разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов.
Според украинските медиуми, тимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски размислувал да го префрли Резников по смената бидејќи „никој од Кабинетот на претседателот не се сомнева дека тој треба да остане во тимот. Буданов најверојатно ќе го води Министерството за одбрана на негово место. Познато дека бара негова замена во разузнавачката служба.
„Многу е тешко Кирило да ја напушти Разузнавачката служба, тој не сака да се пресели во Министерството за одбрана бидејќи разбира дека тоа е огромна бирократска машина. Но, тој нема повеќе време да размислува за тоа“, изјави неименуван извор безбедносната агенција.
Министерот за одбрана во интервју за „Украинска правда“, кое ќе биде објавено наскоро, ја коментира можноста за негова оставка.
„Не сум разговарал за моја оставка од оваа функција. Ќе го повторам мојот одговор за другите медиуми: „Секој функционер треба да сфати дека не е на функцијата доживотно. Треба да започне фаза и да ја заврши“, кажа Резников.