Смена во командата на руските сили во Украина- Герасимов нов командант , Суровикин деградиран во негов заменик

by Fokus

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го назначи началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов за командант на Здружената група во рамките на специјалната воена операција во Украина.

Во соопштението се наведува дека за негови заменици во раководењето со воената операција во Украина се  назначени  врховниот командант на воздухопловните сили, армискиот генерал Сергеј Суровикин, врховниот командант на копнените сили, армискиот генерал Олег Саљуков и заменик началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, , пренесе Тасс.

Министерството за одбрана појасни дека одлуката е поврзана со „проширување на опсегот на задачите што се решаваат во специјална воена операција, потребата од организирање поблиски интеракции меѓу различните родови на вооружените сили и подобрување на квалитетот на сите видови поддршка и ефективноста на командата и контролата на трупите“.

На 9 ноември 2012 година, со указ на претседателот на Русија, Герасимов беше назначен за началник на Генералштабот на руските вооружени сили и прв заменик министер за одбрана.

Останува нејасна смената која се случува, а според западните но и некои руски воени експерти, очигледно се работи за слаби резултати на руската армија во борбите во Украина.

Поврзани новости