243
На 21.08.2024 во 22.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат од с.Р’жаничино кон с.Коњари, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и мотоцикл управуван од С.Р.(23) од с.Долно Коњаре, скопско.
Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид изршила екипа од СВР Скопје.