455
ЈП „Службен весник на Република Македонија“ информира дека барањето за објавувањето на Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија за која, како што вели, во јавноста беа изнесени повеќе шпекулации, е доставено.
„Согласно со позитивните законски прописи во однос на поднесеното барање, Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија ќе биде објавена во првиот нареден број на „Службен весник на РМ“ во почетокот на наредната недела“, се вели во соопштението на Службен весник.