Слупчане и Oризаре се уште без струја, ЕВН бара да се гарантира безбедноста на вработените

by Fokus

Селата Слупчане и Оризари сѐ уште се без струја, по дефектот што го предизвикаа жителите од Слупчане по упад во електро-енергетската мрежа.

Од ЕВН велат дека сѐ додека не се создадат нормални услови за работа и не се загарантира сигурноста на вработените на „Електродистрибуција“, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Екипите на „Електродистрибуција“ работеа цела ноќ на санација на дефекти. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во селата: Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави селата Матејче, Виштица и Никуштак без струја. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села.

Дефектот на граничниот премин Табановце беше саниран вчера за кратко време.

Поврзани новости