Липковското село Слупчане се врати во нормала, приклучувањето на струјата доведе до смирување на напнатоста.
Од ЕВН најавија дека нивните екипи ќе започнат да работат на реконструкцијата на мрежата на 9-ти август, а во целата ситуација интервенција ќе има и од министерот за економија Крешник Бектеши, пренесе Канал 5 тв.
Информациите се дека гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии.
За наредната недела е предвидено одржување состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и за реализацијата.
За вчерашните тензии, министерот Спасовски денеска кажа дека најбитно е ситуацијата да се реши на мирен начин, но не исклучува ниту полициска интервенција доколку е потребно.
Премиерот Ковачевски рече дека не треба да се извлекува впечаток за Слупчане поради одредена група на граѓани кои не плаќаат за потрошената струја.