Австралискиот судија Ентони Кели денеска изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Мелбурн додека не се заврши жалбата за укинување на визата и оти случајот сега е префрлен на Сојузниот суд на Австралија.
Како што прецизираше судијата на рочиштето, Ѓоковиќ вечерва во 22 часот по средноевропско време (сабота наутро по локално време) во Мелбурн ќе разговара со имиграциските власти, а дотогаш нема да биде во миграциски притвор.
По сослушувањето Ѓоковиќ ќе биде одведен во миграциски притвор, до новото сослушување кое е закажано за недела.
Неговиот адвокат Ник Вуд изјави дека е загрижен за безбедноста на светскиот тенисер број еден доколку биде објавено местото каде што ќе биде во притвор, како и медиумскиот циркус што може да се случи.
Конечната одлука ќе биде позната во недела, 24 часа пред почетокот на Гренд слем турнирот во Мелбурн.