Случај „Труст“: Сведокот не можеше да се сети колку машини од него набавил Сеад Кочан!?

by fokus

На судското рочиште за случајот „Труст“ што денеска се оддржа во Кривичниот суд сведочеше два часа сведочеше сведокот Феим Имери, кој појаснуваше  за начинот на кој неговата фирма „Фичо сервис“ соработувала со фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан.

Тој во сведочењето не беше прецизен, бидејќи не можеше со сигурност да потврди дали ставените потпис е негов.

-Има воочлива разлика во потписите, но ви кажав веќе еднаш дека различно сум се потпишувал, а никој друг освен мене не можел да стави потпис. Тој потпис би требало да е мој, но не сум сигурен. Можам да кажам дека стојам зад фактурите, а не можам да префрлам вина дека некој ставил потпис на документ со меморандум од мојата фирма. Потписите веројатно се мои, а зошто се различни не можам да објаснам, изјави сведокот.

Тој не беше сигурен и за тоа колку машини купил Сеад Кочан од неговата фирма и посочи дека тоа треба да се провери.

-Не оди набавката на машините така брзо. Прво има усмен дел, тоа е процедура која трае повеќе од две недели, бидејќи се работи за огромни машини. Потоа се пишуваат барањата на фирмата која сака да купи машина, па се оди во Холандија итн. Тоа е процедура која трае, рече Имери.

 

Обвинителите од СЈО појаснија дека само една од машините кои стојат во купопродажните договори со фирмата на сведокот Имери, Кочан вистински ја набавил. Трите фактури и еден договор се од фирмата „Фичо сервис“ и опремата која ја содржат овие документи, а која се однесува на фирмата „Трансмет“ никогаш не била набавена.

Според нив, фактурите не се книжени, не се издадени, не се примени ниу пак биле исплаќани, и тие не се ништо повеќе отколку само парче хартија.

Поврзани новости