(Случај ТНТ) Зиков: СЈО не затрупа со огромен број докази само да предизвика хаос

by Fokus

Стерјо Зиков адвокат на екс премиерот Никола Груевски, исто како и неговиот колега Димитар Дангов, на денешното судско рочиште за ТНТ истакна дека објектот Космос бил законски срушен.

-Рушењето на Космос не било извршено незаконски. По утврдените неправилности се пристапило кон рушење. Дека рушењето било законско потврдиле и управните и инспекциските органи, рече адвокатот Зиков.

Тој додаде и дека ќе ги оспорат доказите кои произлегуваат од прислушуваните разговори, бидејќи претходно Кривичен совет на овој суд одлучил дека се незаконски.
Тој се пожали и на бројот на докази кои ги добиле од СЈО, околу 2.000.

-Дали можеби обвинителството со некоја намера го затрупа судот и одбраната со огромен број на докази од кои дел не се релевантни. Тоа се познати тактики за одвлекување на вниманието, истакна адвокатот Зиков.

В.В.

Поврзани новости