Во понеделник на 20 јануари во судница за случајот ТНТ е повикана докторката која на еден од обвинетите во случајот, Тони Трајковски му издаде медицинска документицација дека не можеда го следи судското рочиште поради здравствени проблеми.
– Со цел утврдување на фактичката состојба, доследно почитување на правата на странките во постапката, како и јавниот интерес за предметот, судот ќе и овозможи на докторката јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето, за што веќе има издадено соодветна документација, соопштуваат од Кривичен суд.
Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Трајковски вчера дојде на судење за ТНТ, но судењето пак се одложи поради него, овој пат бидејќи донесе медицинска документација, според која не може да го следи судењето и дека му се препорачува да мирува.