Во рамки на судењето за случајот Тенк за набавката на мерцедесот од 580.000 евра, коешто е во тек, обвинителството и одбраната веке еден час правно се надмудруваат околу тоа дали одбраната може да постави директни прашања до сведокот Кирил Т.
Овој сведок, кој бил советник во кабинетот на ексминистерката Гордана Јанкулоска, а воедно членувал и во Комисијата за јавни набавки, претходно беше испрашан од обвинителите на СЈО, а сега и одбраната инсистира да гo испраша директно.
Обвинителот Гаврило Бубевски истакна дека одбраната не може да поставува директни прашања, бидејки СЈО го немаат неговиот исказ, за да можеле да се подготват, нешто што е пракса кога станува збор за сведоците на обвинителството, односно обвинетите и адвокатите знаат што изјавил за време на истрагата.
Обид да го убеди судот дека агентот Киро Т. треба да биде испрашан и од одбраната имаше и обвинетата Јанкулоска, која истакна дека неговото сведочење е клучно.
-Неговото сведочење може да биде клучно за побивање на тезата на обвинителниот акт. Треба да одговори на две околности, на потребата од набавката на ваков тип на возило и начинот на користење на возилото од МВР. Одговорот на овие прашања е потребен за да може судот да донесе правилна одлука – рече Јанкулоска.
В.В.