Вршителот на должноста јавен обвинител во Брчко, Радмило Ивановиќ, денеска изнесе непознати детали за идентитетот на децата пронајдени неодамна во куќа во населбата Брчко и посочи дека за 12 од вкупно 31 дете се уште немаат веродостојни информации за нивниот идентитет.
„Имаме 31 дете. Можеме да кажеме дека идентитетот на 19 од нив е утврден, од кои 14 се утврдени врз основа на лични документи што ги имале или што ги донеле овие родители“, рече Ивановиќ, пренесува Euronews.ba.
Тој додаде дека седум деца се на возраст од 2 до 3 години, шест деца се на возраст од 4 до 6 години, три се на возраст од 7 до 9 години и две деца се на возраст од 10 до 12 години.
„За 18 од нив е познато местото на раѓање: шест од нив се родени во Рим, пет во Хрватска и едно во Риека, две деца се родени во Барселона, едно во Ница, а две деца се родени во Босна и Херцеговина“, рече Ивановиќ.
„Шест од нив се пријавени во Мостар, три во Загреб, две во Тузла, две во Брчко и едно дете во Риека“, рече Ивановиќ.
Тој потсети дека двајца од осумте досега приведени за овој случај се осомничени за запоставување и злоупотреба на деца.