Словенците казнети за неносење маски на затворено ќе може да ја тужат државата

by Fokus

Словенечкиот Врховен суд одлучи дека нема правна основа за изрекување казни за неносење заштитни маски во затворени јавни простори. Што значи оваа одлука за оние кои веќе ја платиле казната? Ништо ако не поднесат тужба против државата. Нема автоматизам во враќањето, објави словенечко Дело. Казните за поединци се движеа од 400 до 4.000 евра.

Адвокатот Блаж Ковачич Млинар за Дело вели дека на оние кои веќе ги платиле казните им останува само правен лек и дека можат да ја тужат државата.

„Имаат можност да ја тужат државата затоа што немаше правна основа за изрекување парична казна. Тоа е неоправдано збогатување на земјата. Тешко е да се предвиди како ќе испадне ова, но во секој случај, како и кај сите слични постапки, може да заврши со спогодба. Главниот збор го има државното обвинителство, кое ја претставува Република Словенија”. Тој додава дека нема автоматизам за враќањето на казната.

Поврзани новости