За само 24 часа во Словенија се регистрирани речиси 14.000 заразени од ковид 19, со што бројката на активни случаи достигна речиси 113.000, покажуваат последните податоци на сајтот ворлдометер.
Во последните десетина дена, бројките на заразени од опасниот вирус почнаа енормно да се зголемуваат, особено откако новиот сој на ковид омикрон почна да се шири со брзина на светлината насекаде низ светот.
Дополнително, направени се над 73.000 брзи антигенски тестови, чиј резултат се’ уште не е објавен, бидејќи позитивните резултати последователно треба да се потврдат со ПЦР тестирање.
Владата поради тешката епидемиолошка состојба не размислува за олеснување на мерките.
Со оглед на тоа што Македонија и Словенија имаат речиси ист број на жители, може да се забележи дека бројот на активни случаи во нашата држава е многу помал, поточно досега таа бројка изнесува 20. 571 што е најмногу заболени за време на целиот период на ковид пандемијата.
Но, во земјава досега на дневно ниво има регистрирано најмногу над 2.200 случаи, што е за шест пати помалку отколку во Словенија.
Но, за разлика од таму, Македонија пак има многу поголем број на смртни случаи од ковид 19, па таа бројка во моментот е некаде над 8.300 починати, додека пак кај Словенците изнесува 5.773 смртни случаи.
И.М.