808
Словенечката Влада донесе одлука сите оние кои доаѓаат од Северна Македонија дека мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин, јави МИА од Љубљана.
Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија.
-Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин, oбјави словенечкото МВР.
Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.
Минатата недела и соседна Бугарија воведе задолжителен карантин за македонските државјани.