Словенија пред победа над коронавирусот

by Fokus

Словенечките здравствени власти објавија дека втор ден по ред бројот на новозаразени со коронавирусот е само пет, со што и дефинитивно земјата е пред прогласување победа над епидемијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Намалување има и на бројот на хоспитализирани лица кој во овој момент изнесува 60, а на одделите за интензивна нега поради потешка форма на Ковид-19 се третираат 21 пациент.

Епидемиолозите информираат дека се смирува и состојбата во домовите за стари лица каде што имаше и најголем број заразени и починати. Најголем дел од нив веќе се и отворени за посети.

Од Домот за стари лица Љутомер, кој беше своевидно жариште на коронавирусот, објавија дека со големи напори на вработените и надворешни експерти, ситуацијата конечно е ставена под контрола. Таму вчера од 26 тестирање, позитивни биле само двајца пензионери.

Владата најави дека ќе продолжи со олабавувањето на ограничувањата за граѓаните, кои од оваа недела конечно можат да ги напуштат и општините во кои живеат.

Поврзани новости