Словенија по шест недели ги отвора границите меѓу општините

by Fokus

Одлуката на Владата на Словенија за забрана за движење вон матичните општини, воведена на 18 март, престанува да важи од денеска, објави премиерот Јанез Јанша, најавувајќи ново олабавување на мерките.

– Владата денеска ќе го укине општото ограничување за движење само на подрачјето на општината, а в понеделник ќе биде проследено со постепено започнување на голем број активности што може да се спроведат со придржување кон мерки за здравствена заштита, напиша премиерот Јанша во пораката на Твитер по владината седница.

Масовните настани со голем број на луѓе веројатно нема да бидат можни додека не се открие вакцината или лек за Ковид-19 и не почне да се користи.

Во посебна видео порака премиерот рече дека олеснување на некои други мерки ќе има „во следните недели и месеци“.

Postopna odprava omejitev za predvidljivo prihodnost

Slovenija je dosegla pomembno etapno zmago v boju z epidemijo #koronavirusa, zato je mogoča postopna odprava omejitev za predvidljivo prihodnost. Zaradi hitre priprave obeh proti korona zakonskih paketov pa smo tudi med gospodarsko in socialno manj prizadetimi.

Publiée par Janez Janša sur Mercredi 29 avril 2020

 

Поврзани новости