1.3K
Владата на Словенија го стопираше воведувањето на 5G технологија, по предлог на министерот за администрација, Руди Медвед, сè додека не се испитаат ефектите од технологијата врз луѓето и животната средина.
Министерот објасни дека сомнежите за штетноста на технологијата 5G се оправдани.
Одложувањето на дебатата е нов чекор во зачувувањето на здравјето и природата во Словенија, која исто така е прва земја во светот што има уставно заштитена вода, како човеково право и јавно добро, со што се осигурува дека нејзините извори на вода за пиење, како иден најважен стратешки ресурс, остануваат национално добро
И Швајцарија неодамна го одложи воведувањето на 5G технологија по бројните протести во текот на изминатата година.