Словенија го намалува карантинот од 14 на 10 дена

by Fokus

Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена.

– Ризикот од заразување може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија, смета епидемиологот Бојана Беовиќ.

Како што пренесува агенцијата СТА, овој предлог е поддржан и од словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар, со образложение дека поголемиот дел од заразените од Ковид-19 покажуваат симптоми на болеста во рок од 10 дена.

Поврзани новости