Во регистарот на нематеријално културно наследство на Словенија се сврстени околу сто партизански песни кои се наоѓаат во библиотеки и разни архиви, со цел да бидат сочувани за идните генерации, информираат регионалните медиуми.
Иако денешните генерации дури и не ги знаат, во минатото, во поранешна Југославија, партизанските песни беа дел од заедничкиот културен простор на републиките.
Чекорот на кој се одлучила Словенија, да се заштитат партизанските песни, бил на иницијатива на Партизанскиот хор, кој функционирал како здружение во Љубљана.
Словенското Министерство за култура информира дека словенските партизански песни потекуваат од народните војни песни, а биле создадени по Втората светска војна.
Станува збор за песни во кои се пее за борбата за рамноправност и новиот свет кој тогаш партизаните сакале да го изградат, како и за борбата против фашизамот на сите народи.
Вики Клинчарова