Словенија ги отвора средните училишта

by Fokus

Средношколците во Словенија денеска се враќаат на училиште, а ќе започне и масовна вакцинација на вработените во училиштата и градинките, одлучи словенечката влада, наведувајќи дека средношколците, ќе учат една недела во училиште, а една од дома.

-Учениците од основните училишта ќе продолжат да работат со часови во живо, при што учениците од шесто до деветто одделение ќе мора да носат маски цело време додека се на училиште, изјави министерката за образование Симона Кустец.

Масовната вакцинација на педагошките работници и воспитувачи со АстраЗенека исто така ќе започне денеска, соопшти словенечката влада, наведувајќи дека нивната вакцинација е важна за безбедно функционирање на училиштата и градинките. Прво, оние наставници постари од 50 години ќе бидат вакцинирани, но по вакцинирањето, тие, како и другите, ќе треба да се тестираат за коронавирус секоја недела.

Владата одлучи дополнително да ги релаксира ограничувањата во наставниот процес поради големиот притисок во јавноста и предупредувањата на педагозите за негативните последици за помладата генерација, во психолошка и педагошка смисла.

 

Поврзани новости