415
Словенечката Влада одлучи од понеделник повторно да ги отвори специјализираните продавници за градежен материјали и некои сервиси, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Со одлуката повторно ќе стартуваат со работа и сервисите за хемиско чистење, вулканизерите, специјализираните продавници и сервиси за велосипеди и некои работници. Како и во аптеките и маркетите, предност да ги користат услугите на овие компании ќе имаат постарите лица, а времето од осум до осум и пол наутро ќе биде само за нив, односно за лицата над 65 години.
Ова постепено укинување на ограничувањата беше најавено откако податоците покажаа дека се помалку словенечки граѓани се заразуваат со корона вирусот.