441
На конгресот на УЕФА во Лисабон, денеска делегатите акламативно го реизбраа Словенецот Александер Чеферин за претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Тој ќе раководи со УЕФА најмалку до 2027 година, а поддршката ја доби без да има противкандидат на изборниот конгрес.
Чеферин оваа функција ја изршува од 2016 година кога го замени Мишел Платини, па со новиот мандат ќе се задржи на функцијата најмалку 11 години.
„Ова е голема чест, но и голема одговорност кон фудбалот. Ќе направам се што можам да не ве разочарам“ – изјави Чеферин.
2️⃣0️⃣2️⃣7️⃣ UEFA President Aleksander Čeferin has been re-elected for a further four-year term at #UEFACongress in Lisbon. pic.twitter.com/zliYcPZd2H
— UEFA (@UEFA) April 5, 2023