Пукање имало во Драженци кај Птуј во Словенија. Драмата траела со часови откако маж од семејниот дом пукал во полицијата која ја опколила куќата. Според првите, неофицијални информации, нема повредени ниту пак човекот држел некого како заложник.
Полицијата нешто пред 9 часот утринава добила дојава за пукање. Пристигнувајќи на местото на настанот пронашле маж со оружје и постојано барале од него да го спушти.
Тој одбил да го стори тоа и почнал да пука кон полицајците од балконот. Околу 17 часот состојбата остана непроменета. Полицијата ја опколи семејната куќа, ги затвори сите влезови за многумина да чекаат само да се расплетува ситуацијата бидејќи не можат да одат во своите домови. Дури околу 19 часот, според словенечките медиуми, специјалците успешно упаднале во куќата и го уапсиле.
Според словенечки 24ур, мажот испукал неколку истрели од балконот. На местото на настанот со хеликоптер пристигнале припадници на специјалната полициска единица и полициски преговарач.
-Мажот стапнал неколку пати на балконот од кој испукал неколку истрели, а мета биле и полицајците, изјави портпаролката на полициската управа во Марибор, Анита Ковачич Челофига.