Словенец снимал голи деца во камп во Ровињ

by Fokus

Истарската полиција поднесе кривична пријава против 74-годишен словенечки државјанин кој е фатен во Ровињ како снима голи деца со својот мобилен телефон поради што е пријавен за кривично дело искористување деца за порнографија, извести истарската полиција денес.

Како што наведуваат во извештајот, тие ја завршиле кривичната истрага за маж кој бил фатен од обезбедувањето на туристички објект, односно камп во Ровињ како во петокот околу 19:45 часот снима голи деца со мобилен телефон и е задржан до пристигнувањето на полицијата.

По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес на мобилниот телефон и возилото што ги користел пријавениот и нашла инкриминирачки материјал.

Словенецот во саботата вечерта со кривична пријава е предаден на притворската единица на истарската полиција. Инаку, за искористување на деца за порнографија, законот предвидува затворска казна од една до десет години, па дури и од 12 години доколку делото е сторено со сила, закана или измама.

Поврзани новости