Словенечките војници остануваат во Ирак

by fokus

И покрај вчерашните најави за повлекување, сепак словенечките војници сместени во Ербил, Ирак, засега остануваат во воената база која беше цел на иранскиот ракетен напад, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Оваа информација утрово ја објави министерот за одбрана Карл Ерјавец, а причината е тоа што германскиот контингент во истата база, решил поради постепеното намалување на тензиите да остане на своите позиции. Словенија во Ербил има шест војници кои таму се дел од германскиот контингент, па така нивното повлекување е директно поврзано со тоа на Германците.

Сепак, Ерјавец изјави дека Словенија е решена да ги повлече своите војници од Ирак, а начинот на кој тоа ќе се спроведе ќе биде соопштен набрзо. Како и да е редовната ротација на словенечкиот контингент е одамна закажан за први февруари, така што тој датум се споменува како можен за повлекувањето на војниците.

Поврзани новости