Словенечките пожарникари спасија 22 деца од градинка

by fokus

Доброволната противпожарна единица од градот Менгеш во централна Словенија, северно од Љубљана, објави драматични фотографии од спасувањето на децата од градинката во Гобица.

„Ги известуваме родителите дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца во објектот Сончек“, напишаа на социјалната мрежа.

Зградата на градинката беше полупоплавена, поројот од вода носи трупци на сите страни, а во сиот овој хаос пожарникарите во раце носат исплашени деца – облечени во пижами и завиткани во топли ќебиња, цврсто се држат за своите спасители.

Поврзани новости