Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави дека членството во Европската Унија е најдоброто нешто што ѝ се случило на Словенија во нејзината историја, но дека е против федерализација на ЕУ и ја застапува прагматичната политика со нагласок на националните интереси, со кои се гради сојузништвото во Европа.
„Членството во ЕУ е најдоброто нешто што нѝ се случило во поновата историја, иако можеби имавме превисоки очекувања“ рекол Шарец во разговор за љубљанско „Дело“.
„Но наш најголем проблемво врска со ЕУ е тоа што премногу стриктно ги применуваме европските директиви. Се што доаѓа од европските канцеларии, не треба да се зема како нешто свето, а ние во тоа знаеме да бидеме поголеми папи и од самиот папа“ додал Шарец.
Словенечкиот премиер порача дека сака во ЕУ да води суверена политика базирана на национален интерес и при тоа Словенија треба да склучува прагматични ад хок сојузништва.