612
Словенечкиот Уставен суд денеска утврди дека владината уредба со која се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници, не е согласно Уставот.
Новото правило за задолжителна вакцинација требаше да стапи во сила на 1 октомври, но Уставниот суд ја суспендираше владината одлука, откако некои државни службеници, вклучително и полицискиот синдикат, се побунија, јави новинската агенција СТА.
Судот оценил и дека одлуката не може да се споредува со мерките воведени во Австрија, бидејќи таа држава вовела закон со кој е можно да се воведе задолжителна вакцинација во посебни околности.