Државната комисија за спречување корупција на Словенија отвори постапка со која треба да испита дали премиерот Јанез Јанша дошол во конфликт на интереси со тоа што назначил на чело на државна институција адвокат кој со години го застапувал него и неговата партија во различни судски постапки.
Истрагата треба да утврди „постоење на вистински конфликт на интереси“, врз основа на прелиминарните наоди поврзани со кадровските промени во Друштвото за управување со банкарски побарувања (ДУТБ), потврди КПК, додавајќи дека нема да даде повеќе информации додека не заврши постапката.
Досега добиените податоци и прегледот на документацијата покажале дека постои сомнеж дека со назначувањето на раководството на ДУТБ е прекршен законот за интегритет на државните службеници, кој допрва треба да се расчисти со постапката и да се потврдат или отфрлат сомнежите.