Словенечка компанија ќе отвора над 90 работни места во Пробиштип

by fokus

Премиерот Зоран Заев информираше дека во Македонија ќе дојде нова инвестиции. Станува збор за фабрик за акумулатори со вкупна вредност од 25 милиони евра.

„Испраќаме добри вести од Словенија. Ни доаѓа нова инвестиција – словенечка компанија ТАБ МАК, фабрика за акумулатори со вкупна вредност од 25 милиони евра, којашто ќе отвори над 90 нови работни места во Пробиштип.

Оваа фабрика се отвора во внатрешноста што е дополнителен импулс за рамномерниот регионален развој. Се потврдува дека севкупните наши политики значат отворање на перспективи на Северна Македонија за интегративните процеси, но и на сите економски политики што ги водиме во државата“, вели Заев.

Поврзани новости