Словачкиот претседател: Нема да има мир без територијални загуби за Украина

by Fokus

Претседателот на Словачка Петер Пелегрини смета дека мирот во Украина може да се постигне само со компромис, вклучително и територијални отстапки. Пелегрини во интервју за словачката ТВ станица STVR рече дека Украина ќе мора да направи отстапки за да се стави крај на војната.

„Кога станува збор за мирот, мислам дека треба да останеме реални. Веројатно ниту еден разумен човек во Европа денес не верува дека мирот може да се постигне без некои делумни територијални загуби за Украина“, рече тој. Тој додаде дека својот став го базира на анализа на дневните извештаи за состојбата на фронтот.

Тој исто така ги повика Украина и Русија да започнат мировни преговори што е можно поскоро. За време на неговата претседателска кампања, Пелегрини ја поддржа позицијата на премиерот Роберто Фицо за запирање на испораката на оружје за Украина од државните резерви, и покрај тоа што претходно ја поддржуваше воената помош за Киев.

Коментарите на Пелегрини доаѓаат пред јануарската инаугурација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе ги доведе Украина и Русија на преговарачка маса.

Поврзани новости