Словачкиот премиер:„Навистина верувате дека во Киев има војна, ајде ве молам“

by Fokus

Словачкиот премиер Роберт Фицо тврди дека животот во главниот град на Украина е „сосема нормален“ и дека нема војна, еден ден пред неговата прва средба со украинскиот премиер.

Фицо, кој ја презеде власта во октомври и го смени курсот на надворешната политика на Словачка за да ја прекине воената поддршка за Украина, зборуваше на брифинг за медиумите во источна Словачка. Тој треба да се сретне со неговиот украински колега Денис Шмихал во западниот украински град Ужгород.

Новинарот го праша Фицо, дали би било соодветно тој да отпатува во Киев за подобро да ја разбере војната на Украина со Русија, која се приближува на втората година од руската инвазија.

„Има конфликт што е локализиран“, одговори Фицо, прашувајќи: „Вие навистина верувате дека има војна во Киев? Се шегувате, ве молам, се надевам дека не сте сериозни. Одете таму и ќе видите нормален живот се случува во градот, сосема нормален живот“.

Тој додаде дека е попрактично со украинскиот колега да се сретнат во Ужгород, кој, како што рече, го избрала украинската страна, откако Фицо прво сакал средба на заедничката граница на двете земји.

Поврзани новости