472
Претседателот на Владата на Република Словачка, Роберт Фицо испрати телеграма со честитка до новиот македонски премиер, Зоран Заев.
– Дозволете ми, да Ви честитам за изборот на функцијата претседател на Владата на Република Македонија. Изразувам верување дека новата реформски и интеграциски насочена Влада под Ваше раководство ќе придонесе за конструктивен политички дијалог во општеството и обновување на довербата на граѓаните во државните институции, се наведува во честитката.
Премиерот на Словачка наведува дека верува од новата Влада да ги имплементира сите делови од договорот од Пржино и итните реформски приоритети за Македонија да може ефективно да се насочи кон патот на интеграција во ЕУ и НАТО.